Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАРАЗАТА ЗЕМА ЗАМАВ: Градоначалникот на Москва нареди задолжително вакцинирање

ЗАРАЗАТА ЗЕМА ЗАМАВ: Градоначалникот на Москва нареди задолжително вакцинирање

Градоначалникот на руската престолнина Москва Сергеј Собјанин, денеска нареди задолжително вакцинирање против коронавирусот. 

Ова се однесува за сите вработени во услужниот сектор. Тој објаснува дека треба да се спречи смртта на илјадници луѓе со имунизација. 

Цела оваа недела ја прогласи за неработна поради зголемениот број на заразени со коронавирусот. Во Москва сега се хоспитализирани 12.000 луѓе. За едно деноноќие во Русија се регистрирани 13.397 новозаразени и 396 починати од коронавирус. Во Москва, има 5.782 заразени лица, а 75 починале. Најавата на Москва за задолжителна вакцинација против коронавирусот е прва во Русија и е во спротивност со изјавите на претседателот Владимир Путин, кој кажа дека се противи на присилната вакцинација. 

Во Москва која има околу 13 милиони жители, вакцинирани се само 1,8 милиона лица.

Русија е шеста во светот по бројот на ковид случаи. Во земјата се потврдени над 5.2 милиони случаи на коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести