Заразата започнала по посета на депонија во Аргентина: Нултиот пациент заразен со хантавирус веќе е мртов
Идентификуван е нултиот пациент заразен со хантавирус на крузерот Хондиус - станува збор за седумдесетгодишен Холанѓанец кој бил орнитолог, како и неговата сопруга, со која патувал во неколку јужноамерикански земји, јави телевизијата BFM.
Двајцата починале, а наводно двајцата посетиле аргентинска депонија за да ја набљудуваат ретка птица.
Холанѓанецот Лео Шилперорд, кој прв покажал симптоми на хантавирус, починал на 11 април на бродот Хондиус, крузер на кој се качил со сопругата Миријам.
Слично
