Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заразата на Балканот се шири како во Вухан, тврди австриски експерт

Заразата на Балканот се шири како во Вухан, тврди австриски експерт

Заразата на Балканот се шири како во кинескиот град Вухан. 

Првиот човек на Одделот за хумана медицина на австриската Агенција за безбедност на храна (AGES), Франц Алербергер, за виенскиот неделник Profil вели дека стапката на зараза со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е дури 50 отсто.

Алербергер, смета дека заразата на Балканот е десет пати поголема отколку што покажуваат официјалните бројки.

„Локалното население во Вухан или Ишгл го имаше тој степен на заразеност“, вели тој. 

Објаснува дека во австрискиот ски центар Ишгл, кој беше европско жариште на почетокот на пандемијата, стапката на зараза беше 43 проценти според серолошките тестови.

Австрија ги стави земјите од Западен Балкан на листата на високо ризични во заразата со коронавирусот.

Слично

Поврзани вести