Економија, финансии, бизнис

Контакт

Запре и германскиот економски мотор!

Запре и германскиот економски мотор!
Германската економија, најголема и најмоќна во Европа, закочи во вториот квартал од годинава, погодена пред се од слабиот извоз и намалените инвестиции, покажаа официјалните податоци што ги објави Берлин. Според прелиминарната проценка на германскиот Завод за статистика, бруто домашниот производ на најголемата европска економија се намалил за 0,2% во трите месеци април-мај-јуни. Во претходното тримесечје БДП на Германија растеше со 0,7%. Аналитичарите за вториот квартал прогнозираа нулти раст, а некои успеаја да го предвидат благиот пад на економијата, откако необично благата зима ја поттикна економската активност во првиот квартал. Ова особено се одрази на градежништвото, каде голм дел од работите беа поместени за порано, иако вообичаено се изведуваат дури во вториот квартал. Растот на извозот бил побавен од растот на увозот. На годишно ниво, пак, германскиот БДП во вториот квартал е зголемен за 0,8%.
Слично

Поврзани вести