Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАПОЧНУВА СЛЕДНАТА ФАЗА ОД РУСКАТА ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА: Лавров ја „открива“ вистинската причина за војната во Украина

ЗАПОЧНУВА СЛЕДНАТА ФАЗА ОД РУСКАТА ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА: Лавров ја „открива“ вистинската причина за војната во Украина

Следната фаза од руската воена специјална операција започнува во Украина, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за India Today.

„Операцијата во источна Украина има за цел, како што веќе беше најавено, целосно да ги ослободи републиките Доњецк и Луганск. Оваа операција ќе продолжи, сега започнува следната фаза од оваа специјална операција. И, ми се чини, сега ќе биде важен момент за овие специјални операции“, рече министерот.

Тој нагласи дека кризата можеше одамна да биде решена доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски соработувал, и доколку спровел договорите од Минск. Во меѓувреме, „Западот го предаде Зеленски“ користејќи го против Русија. Веднаш по средбата во Истанбул, Москва ја промени „стратегијата на воено присуство во Украина“, продолжи Лавров.

„Ни се допадна основата на договорот, верувавме дека нивните зборови имаат смисла и ние како гест на добра волја, ја сменивме стратегијата во регионите Чернихив и Киев, но, знаете, тоа не беше ценето, наместо тоа, претставата беше изведена во Буча“, рече Сергеј Лавров.

Според рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, актуелната ситуација во Украина е директен резултат на желбата на САД и НАТО да владеат и да доминираат со светот.

Во ексклузивното интервју за India Today, тој рече: „Актуелните настани се вкоренети во желбата на САД и Западот да владеат со светот. Тие сакаа да му покажат на светот дека нема да има мултиполарност, туку само униполарност, и создадоа отскочна даска со Украина, рече тој, додавајќи:

Вистинската причина за војната е прекршувањето на договорот од страна на повеќето земји по Втората светска војна.Тие ги прекршија ветувањата кон руското раководство и почнаа да го движат НАТО на исток откако Советскиот Сојуз исчезна. Тие рекоа дека тоа е одбранбен сојуз, а не закана на руската безбедност“.


Слично

Поврзани вести