Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започнува изградбата на новата највисока зграда – ќе биде висока точно еден километар!

Започнува изградбата на новата највисока зграда – ќе биде висока точно еден километар!
Прочуениот облакодер Бурј Калифа во Дубаи, кој во моментот е највисока зграда на светот, наскоро ќе остане без своето место во Гинисовата книга на рекорди, штом Саудиска Арабија ќе ја заврши изградбата на Кингдом Тауер во Џеда. Зградата треба да биде висока точно еден километар, а работите на нејзината изградба ќе започнат следната недела. За споредба Бурј Калифа е висока „само“ 823 метри. Консултантската компанија АЦТС најави тестирање на материјалите за изградба на Кингдом Тауер. Се проценува дека овој грандиозен објект ќе чини 1,23 милијарди американски долари, планирано е да има 200 ката и единствен панорамски поглед кон Црвеното Море. За изградба ќе бидат потребни 80.000 тони челик и околу 1,9 милиони квадратни метри бетон. Темелите на кулата ќе влегуваат 60 метри под земја, а со оглед на тоа што ќе се наоѓа многу блиску до морскиот брег, дизајнирана е да ги издржи и влијанијата на солената вода. Иако се работи за амбициозен проект, Санг Дае Ким, директор на Советот за високи згради смета дека е изводлив. „Во моментов можеме да изградиме кула која е висока еден километар, па можеби и два. Се повеќе од тоа би ни била огромна домашна задача“, ги појаснил Санг Дае Ким границите на современата високоградба.  
Слично

Поврзани вести