Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна воената обука на мобилизираните Руси

Започна воената обука на мобилизираните Руси

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека мобилизираните Руси ја започнале борбената обука пред да бидат испратени на фронтот во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември прогласи делумна мобилизација во земјата и воените власти веднап најавија дека ќе се мобилизираат 300.000 лица. 

Подготовките се вршат во центрите за обука на Министерството за одбрана и на заднинските полигони. При тоа московскиот весник „Известија“ јави дека обуката се одвива во еден од центрите за обука на Јужниот воен округ.

Мобилизираните војници од резервниот состав минуваат обука за модерна борбена тактика, прва помош и употреба на комуникации на бојното поле, а посебно внимание се посветувало на воената топографија, инженерската обука, основите на радијациска, хемиска и биолошка заштита.

Војниците се обучуваат да пукаат со автомати „Калашников“, лесни митралези „Калашников“ и фрлачи на гранати RPG-7V.

Според руското МО, мобилизираните војници ќе го засилат присуството во „ослободените територии“, како што Москва ги нарекува териториите во Украина кои се под нејзина контрола.


Слично

Поврзани вести