Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна седумдневното гласање во Русија за останување на Путин на власт

Започна седумдневното гласање во Русија за останување на Путин на власт

Денес во Русија започнува седумдневно гласање за серија уставни реформи, со кои ќе се одлучи дали Владимир Путин ќе може да биде реизбран за претседател по истекот на неговиот мандат.

Гласањето се одвива и покрај загриженоста за ризикот од ширење на вирусот корона, кражба на гласови и критики за реформите што доаѓаат од опозицијата.

Опозицијата смета дека Путин е на власт долго време и дека усвојувањето на низа реформи би можело да се сфати како уставен пуч.

Доколку бидат усвоени уставните измени, Путин ќе може да се кандидира за претседател уште два пати, откако истекува неговиот тековен мандат во 2024 година.

Ова значи дека усвојувањето на уставните реформи ќе му овозможи на актуелниот претседател на Русија да остане на власт до 2036 година.

Во Русија, бројот на заразени од  корона вирусот надмина 600.000, поради што оваа земја се најде на третото место во светот, по Соединетите држави и Бразил.

Секој ден, во оваа земја се потврдуваат неколку илјади нови случаи на заболување, иако надлежните укажуваат дека епидемиолошката состојба започнала да се подобрува и дека за време на гласањето ќе бидат преземени сите потребни мерки за заштита.


Слично

Поврзани вести