Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се погребува Нелсон Мандела

Се погребува Нелсон Мандела
Во селото Куну , во југоисточниот дел на Јужна Африка , започна државниот погреб на националниот херој на оваа земја - Нелсон Мандела. На церемонијата која е мешавина од воени почести и племенски обред, присуствуваат речиси 4.500 лица, како странски претставници , така и роднини и соработници на Мандела. Погребот се пренесува директно на телевизија и на големи екрани во целата земја. По десет дена жалост во Јужна Африка и неколку дена комеморации за  поранешниот јужноафрикански претседател , кој почина на 5 декември на 95-годишна возраст , тој е  погребан во Куну, во земјата на своите предци , до своите родители и трите покојни деца. Комеморацијата за Нелсон Мандела се одржа на 10 декември. Ја следеа илјадници луѓе на стадионот во Јоханесбург, голем број претседатели на држави и влади, од американскиот претседател Барак Обама, до лидерот на Куба Раул Кастро.  Дождливото време не ја избриша дарбата на Мандела да ги доведе непријателите заедно преку политичките и расните поделби, анализира медиумите. Присуствуваа и францускиот претседател Франсoа Оланд, како и неговиот претходник Никола Саркози,како и британскиот премиер Дејвид Камерун.Нелсон Мандела стана првиот црн претседател во историјата на Јужна Африка и беше на чело на државата од 1994 до 1999 година. За активната борба против режимот на Апартхејдот тој помина 27 година зад решетки . Во 1993 година беше награден со Нобелова награда за мир.
Слично

Поврзани вести