Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна акцијата за спасување на момчињата заглавени во пештера

Започна акцијата за спасување на момчињата заглавени во пештера


Акцијата за спасување на 12. момчиња и нивниот тренер од пештерата во Тајланд започна околу 10 часот по локално време. Спасувачите влегоа во пештерата, а претходно е евакуиран целиот персонал освен спасувачите, лекарите и обезбедувањето, јави БиБиСи.

Командирот на спасувачката акција, Наронгсак Осатанакорн рече дека спасувањето може да трае од два до четири дена.

Тој додаде дека момчињата и тренерот се физички подготвени и ментално одлучни за да се извлечат од пешерата.

Командирот вели дека се подготвени 13 амбулантни возила и два хеликоптера на различни локации.


Слично

Поврзани вести