Запираат летовите меѓу Русија и Украина
Русија и Украина објавија дека од утре запираат со вршење на директни летови меѓу себе.
Киев најави дека нема да ги сервисира летовите на руски авиокомпании, а Москва ја одреди мерката како "целосна лудост".
Неколку дена потоа и Русија објави дека исто така ги запира летовите. Казната влегува во сила на полноќ и се очекува да влијае на најмалку 70 илјади патници месечно.
Украинската Државната воздухопловна служба воведе забрана за директни летови на руските авиокомпании и стави делумна забрана за транзитните летови на руски авиокомпании преку територијата на земјата. Од утре патниците немаат друг избор освен да користат транзитни летови кои ќе се зголемат, како и времето за лет, и цената на билетите, пишува Интерфакс.
На 25 октомври Украина целосно ги блокира воздушните врски со Русија во отсуство на одговор од Федералната агенција за воздушен транспорт на руските санкции против украинските авиокомпании. Ова се наведува во соопштението на Министерството за транспорт на Украина.
"Оваа мерка ќе се применува за сите руски авиокомпании и ќе дејствува за укинување на забраната, наметната од воздухопловните власти на Русија против украинските авиокомпании. По укинување на забраната од страна на Русија, руските авиокомпании ќе можат да летаат до Украина - се вели во соопштението .
Соопштението на Државната воздушна пловидба на Украина од 12 октомври се применува првенствено за руската авиокомпанија "UTAir". Таа беше единствената руска авиокомпанија која извршуваше летови меѓу двете земји.
Односите меѓу двете земји во авионската индустрија ескалираа во средината на септември, кога претседателот на Украина Петро Порошенко потпиша указ за воведување на нов пакет санкции против Русија.
Листата вклучува вкупно 25 авиокомпании од Русија, меѓу кои "Аерофлот", "Трансаеро", "Ural Airlines", "Сибир", "Русија", "Оренбург Ерлајнс", "Јамал", "Red Wings", "VIM-Avia" "Gazpromavia" и други, објави РИА Новости.
Во петокот руски и украински претставници се состанаа во Брисел, за да го спречат прекинот на летовите помеѓу двете земји.
Руските воздухопловни власти и предложија на украинската страна да не се наметнува забрана за воздушниот простор меѓу Русија и Украина на 25 октомври.
Според извештајот на Федералната агенција за воздушен транспорт (Росавиация) ваков предлог беше објавен во петокот во Брисел во разговорите меѓу двете страни за проблемите на воздушниот сообраќај. Рускиот министер за транспорт Максим Соколов, рече дека неговата земја ќе продолжи да се бори за укинување на забраната. Денес исто така има средба на претставниците на воздушните сили на Русија и Украина во Брисел, но се уште нема информации за поништување на одлуката. Авионските врски со Русија ќе бидат прекинати од 25 октомври независно од преговорите, изјави украинскиот министер за инфраструктура Андриј Пивоварски. "Независно од консултациите, од 25 октомври санкциите ќе стапат целосно на сила. Затоа од 25 октомври воздушни врски со руски градови нема да има", категоричен е Пивоварски, пишува ТАСС.
