Запалено муслиманско училиште близу Малме
Шведската полиција трага по маж за кој се сомнева дека го запалил муслиманското училиште во близина на градот Малме.
Портпаролот на полицијата на градот Малме, Клас Свенсон, изјави дека пожарот во училиштето, кој е подметнат доцна синоќа, е ставен под контрола и никој не е повреден, јави АП.
Портпаролката на регионалната полиција, Миа Сандгрен за шведската новинска агенција ТТ рече дека полициска патрола се обидела да го запре автомобилот на мажот кој го запалил школото, но тој не застанал, по што полицајците пукале во него.
Полицијата сè уште трага по сторителот, рече Сандгрен. Во Шведска, која има еден од најголемите удели на мигранти по жител во Европа, последниве месеци имаше голем број напади на училишта и центри за бегалци.
