Запалено девојче во Пакистан бидејќи го посрамотило селото
Во Пакистан живо е запалено 16 годишно девојче затоа што помогнало на пар да избегаат.
Се смета дека со ова нанела срам на селото, а наводно мајката и братот на девојчето се сложиле таа да биде запалена. Полицијата денеска уапси 15 членови од групата која наредила девојчето да биде запалено. Настанот се случил минатата недела во градот Донга Галију на 50 км оддалеченост од главниот град Исламабад. Племенското собрание во селото кажало дека ова е казна затоа што девојката му нанела штета на угледот на селото.
Лани во Пакистан 500 луѓе биле жртва на вакви убиства за заштита на честа. Ги убиле членови на нивните семејства бидејќи сметаат дека ги посрамотиле.
Слично
