Економија, финансии, бизнис

Контакт

Запалена џамија во Шведска

Запалена џамија во Шведска
Најмалку пет лица се повредени при подметнат пожар во џамија во шветскиот град Ескилстун, соопштила локалната полиција. Инцидентот се случил додека во Шведска во тек е интензивна дебата за емиграција, пренесува „Ројтерс“. Екстремната десница смета дека бројот на азиланти треба да се намали за 90 отсто, додека водечките партии сакаат да ја зачуваат либералната емиграциона политика во Шведска. „Очевидец на инцидентот тврди дека некој фрлил предмет кон прозорот на џамијата по што веднаш се распламтил силен пожар“, истакнал портпаролот на полицијата. За сега нема уапсени.
Слично

Поврзани вести