Економија, финансии, бизнис

Контакт

Запален камп за бегалци во северна Австрија

Запален камп за бегалци во северна Австрија

Во кампот во кој изби пожар требало да бидат сместени 48 лица.

Зграда во северниот дел на Австрија, во која требало да се згрижат барателите за азил, била потпалена, пренесе Reuters, повикувајќи се на Црвениот крст. Дрвената зграда во градот Алтенфелден, во близина на границата со Германија и Чешка, е запалена ноќеска.

Во Австрија досега не е забележан ниеден случај на подметнат пожар во центрите за прифаќање на бегалците и мигрантите.  Австрија лани прими околу 90.000 баратели на азил, што е повеќе од 1% од нејзиното население. Со прифатните центри управуваат најчесто невладините организации, меѓу кои е и  Црвениот крст.

Слично

Поврзани вести