Економија, финансии, бизнис

Контакт

Запален е Центар за вакцинација во Италија

Запален е Центар за вакцинација во Италија

Центар за вакцинација во Берша, во Италија е запален.  Избувнал пожар, но нема повредени. Направена е материјална штета, но не е оштетен делот каде се наоѓа медицинскиот материјал.

Непознати лица утрово фрлиле два молотови коктели и делумно го оштетиле центарот за вакцинација, шатор поставен во центарот на градот за имунизација и тестирање на коронавирус, јави весникот „Ил Фато Котидијано“.  Засега не е позната причината за нападот. 

Пред две седмици имаше сличен напад на влезот во Вишиот институт за здравство во Рим, институција што ги анализира епидемиолошките мерки и дава упатства за заштита. Италија пред неколку недели надмина 100.000 жртви од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести