Економија, финансии, бизнис

Контакт

Западот се плаши од Путиновата Русија, но во сенка расте светска сила која е сериозна опасност

Западот се плаши од Путиновата Русија, но во сенка расте светска сила која е сериозна опасност

Голем број западни земји сметаат дека Русија претставува сериозна опасност, но колку е навистина нивниот страв оправдан?

Американскиот професор и истражувач Лајл Голдстајн смета дека Западот непотребно се плаши од Путин.  Според неговите тврдења, вистина е дека Русија напорно работи на создавање на нови оружја, кои може во иднина да бидат опасност.  За таквите како мене кои работат во областа на националната безбедност, вистина е дека има новитети, како што е ракетата „Кинџал“ која може да погоди НАТО бродови на оддалеченост од 800 километри, но природата на тој систем е одбранбена.  Русија на одбрана троши 11 отсто од она што САД го издвојуваат за своја одбрана, напишал Голдстајн за „ National Interest“.

Кога на оваа пресметка ќе се вклучат финансиите од сите членки на НАТО доаѓа до асиметрија во однос на нивната моќ и онаа на Русија. Сепак и покрај ова објаснување од професорот, во последните две години зголемена е пропагандата на американските медиуми кои ја претставуваа Русија како најголем непријател, место полно со хакери, хомофоби, мафија, хулигани, проституација и шпиони. Аналогно на ова медиумите имаат создадено слика во јавноста според која ова е бпорба на добрите со лошите момци, а воопшто не се пренесува за руската култура, традиција, современост, историја и јазик.

Притоа воопшто не се размислува во насока дека добрите односи може да бидат клучни за развој на земјата, односно дека инвестициите би им го подобриле животот на милиони американски граѓани.

НОВА СИЛА ПРЕТСТАВУВА ЗАКАНА ЗА РУСИЈА И САД

Тоа што се занемарува во целата американско – руска пропаганда е растот на трета земја, која реално е многу поблиска до Русија, отколку што е моментално Америка.

Станува збор за Кина, па оттука Голдстајн извлекува интересна забелешка: „Трамп имаше интересен говор кога пред средбата со Путин истакна дека сака да разговара за Кина. Иако тој се обидува да оствари добри односи со оваа земја, сепак ниту еден медиум не пренесе што точно е дискутирано. Според мене, Трамп ја потврди тезата дека Русите имале право кога стравувале од растот на Кина, а сега веќе и САД е свесна за новата сила. На ова се надоврзува и заклучокот на рускиот аналитичар Александар Чрамшкин, кој смета дека соработката на Америка со Кина може да донесе нови долгорочни проблеми за Русија“.

Кина претставува нова опасност за Русија и тоа во однос и на ресурсите и територијата, иако дел од руските политичари сметаат дека е неопходно да се постават добри односи со Пекинг и тоа пред се на економски план.

Оваа земја веќе една деценија напорно работи за да стане најјаката држава во свет, а според професорот Џејмс Боуен, американските власти мора да се освестат и да сфатат дека Путиновата Русија не претставува закана, барем ни делумно колку што е Кина, за која и самите Руси изразуваат загриженост.

Очигледно Кина добро игра на двете карти со поставување на добри односи со Вашингтон и Москва, а од друга страна им дава до знаење дека претставува растечка сила, која во иднина може сама да ги диктира правилата на игра. Доказ за тоа е новиот проект вреден билиони долари кои ќе ги поврзе Африка, Азија, Европа и Океанија со Кина.  


Слично

Поврзани вести