Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЗАПАДОТ ГИ ИЗЛАЖА НАЈСИРОМАШНИТЕ ЗЕМЈИ“: Путин откри дека имале план за житото од Украина и го реализирале

„ЗАПАДОТ ГИ ИЗЛАЖА НАЈСИРОМАШНИТЕ ЗЕМЈИ“: Путин откри дека имале план за житото од Украина и го реализирале

Целото жито што се извезувало од Украина завршило во земјите на ЕУ, изјави рускиот претседател Владимир Путин на Источниот економски форум што се одржа во Владивосток.

Тој истакна дека Русија заедно со Турција направи се за да извезе украинско жито.

- Резултат: Ако ја исклучиме Турција како земја посредник, тогаш целото, речиси целото жито извезено од Украина не се испраќа во земјите во развој и најсиромашните, туку во земјите на ЕУ. Во рамките на Светската програма за храна на ОН, која предвидува обезбедување помош за оние земји на кои им е најпотребна, беа натоварени само два брода. Нагласувам, само два од 87. Извезеле 60.000 од два милиони тони. Само три проценти беа испратени во земјите во развој - рече Путин.

– Можеби треба да го ограничиме извозот на пченица од Украина, за тоа ќе се консултирам со Ердоган – додаде тој.

Како што истакна, најсиромашните земји го губат пристапот до основните прехранбени производи бидејќи развиените земји ги купуваат, нивното купување во големи количини предизвикува поскапување, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Западот мисли само на сопствените интереси, не се грижи за желбите на земјите во развој, истакна Путин и додаде: „Ги измами и ги остави со извоз на жито од Украина, но Русија продолжува со својата работа, така што целите се исполнети“.

Според него, 345 милиони луѓе веќе страдаат од недостаток на храна, што е 2,5 пати повеќе отколку во 2019 година.


Слично

Поврзани вести