Економија, финансии, бизнис

Контакт

Западот бара од Украина да ги запре нападите врз Русија?

Западот бара од Украина да ги запре нападите врз Русија?

Западот бара од Украина да ги запре нападите врз Русија. 

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов, денеска потврди дека Украина добила барања од партнери за запирање на нападите врз руската нафтена инфраструктура. Буданов изјави за време на 18-от Киевски форум за безбедност дека ова не е нешто ново и дека се сретнал со такви барања уште во 2023 година.

„Ова е системска, да речеме, работа што се интензивира кога има масовно распоредување. Неодамна, тоа едноставно следеше по нафтената криза, која беше предизвикана од разбирливи настани прво во Венецуела, а потоа и во Иран. Да, постојат такви барања“, рече тој.

Буданов истакна дека враќањето на санкциите врз руската нафта зависи од ситуацијата во Ормутскиот теснец и другите трговски патишта низ кои тече оваа суровина.

Украина скоро секој ден врши напади на руско тло. Русија и Украина повеќе од 4 години се во војна. 

Слично

Поврзани вести