Економија, финансии, бизнис

Контакт

Западњаците учат Кинески, но тој е проклето тежок!

Западњаците учат Кинески, но тој е проклето тежок!
Дека Кина станува нова економска сила знаеме сите. Прогнозите велат дека земјата најкасно за две декади ќе стане светска економска сила број еден, гледано по номиналниот БДП. Настрана сите економски параметри, денеска пишуваме за еден друг многу интересен показател. Луѓето од западот започнуваат да учат кинески. Токму така, како што англискиот јазик стана симбол на глобализацијата, така денеска се повеќе луѓе сакаат да учат кинески. И тоа масивно. Вкупно 40 милиони странци од целиот свет денеска студираат на кинеските факултети. Владата на Кина прогнозира дека до 2020 овој број ќе достигне 100 милиони. Сепак бизнисот со учење на кинески јазик се развива и во западните развиени земји, па така во моментов 232 училишта во Германија учат голем број на луѓе кои се заинтересирани да научат кинески. Само во едно училиште во Шпанија во моментов 650 посетители го учат јазикот на силата во надоаѓање. Но Кинескиот јазик е исклучително тежок. Мислејќи дека ќе дојдат полесно до работа во Кина, голем број на посетители се запишуваат на вакви курсеви, но за брзо време сфаќаат дека се судруваат со многу големи проблеми во совладувањето на јазикот. Искутвото до сега покажало дека освен ако не пројдете барем три четири години во Кина, шансата да научите мандарински се еднакви на нула. Или подобро речено да научите некоја малку понапредна комуникација. За разлика од западните говори, мандаринскиот јазик е различен по тоа што на кој начин ги изговарате зборовите. Па така кога ги гледаме русите во холивудските филмови, ги разбираме сосема јасно, но доколку некоја западњак тоа го прави кинезите нема да сфатат што сака да каже. И дополнително на сето ова мандаринскиот јазик содржи неверојатни 2.000 симболи и има различно писмо од било кој јазик во западна Европа. Поради сите овие причини младите луѓе од западот се во дилема дали да трошат неколку години од својот живот да го усовршат новиот јазик. Тоа го знаат и компаниите кои оперираат во Кина, па така многу често во огласите иако кинескиот е наведен не е услов да се знае. Сега за сега англискиот сеуште е во предност, ќе видиме до кога. Редакција Фактор
Слично

Поврзани вести