Економија, финансии, бизнис

Контакт

Западните медиуми: Русија нанесува удари по групи поврзани со ЦИА!

Западните медиуми: Русија нанесува удари по групи поврзани со ЦИА!

Висок претставник на властите во САД тврди дека во Сирија руската авијација нанесува удари по објекти на вооружените групации поврзани со ЦИА, објави весникот „Волстрит журнал“. Во првиот ден можеше да се каже дека ова е само грешка. Но третиот и четвртиот ден веќе нема сомнеж дека ова е намерно. Тие знаат каде ги нанесуваат ударите“, изјавил еден службеник.

Според весникот воените командни на места го делат ова мислење, но администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама до овој момент отстапува по прашањето за помошта на бунтовниците, подготвувана од ЦИА.

Пентагон одби да и обезбеди на Русија информации за позициите на бунтовниците поради загриженоста дека Русија ќе ја предаде оваа информација на вооружените сили на Сирија или ќе искористи од нив, за да нанесе уште попрецизни удри по позициите на бунтовниците, наведува весникот.

Од американскиот Стејт департмент велат дека ги гледаат од воздухот нападите кои Русија ги нанесува по „Исламска држава“ во Сирија. Во исто време амбасадорот на Сирија во Русија, Ријад Хаддад потврдил дека ударите се нанесуваат токму на терористичките вооружени групи, а не опозицијата или цивилното население. Според амбасадорот сириската армија располага со точни координати на терористите.

Пред тоа шефот на Комисијата на вооружените сили на Сенатот на САД, Џон Меккејн изјавува уверување дека на 1 октомври руската армија нанела удар не позициите на „Исламска држава“, а не по единиците на Слободната сириска армија. Во исто време агенција „АП“ забележува дека обучените бунтовници дејствуваат во северниот дел на земјата, додека руските сили ги нанесуваат воздушните напади во западните делови на Сирија. Во септември претставникот на Пентагон за вооружените сили Лојд Остин признал за време на сослушувањето во комисијата во Сенатот дека само четири или пет обучени американски борци се борат против „Исламска држава“.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјавил дека Русија не ја смета опозициската Сириска слободна армија за терористичка група. Тој прецизирал дека Москва ги смета за терористички „оние групи кои беа прогласени за такви од службите за безбедност на ОН и Русија“. Подоцна тој изјавил дека Москва е подготвена да воспостави контакти со Сириската слободна армија и ги замоли Вашингтон да обезбеди информации за неа.

Слично

Поврзани вести