Западна Европа во снежен колапс, бурата доаѓа кон Балканот!
Снежна бура ги зафати деловите на Франција, Велика Британија и Германија каде сообраќајот од минатата ноќ е пореметен или делумно прекинат, а десетина илјади куќи во Велика Британија се без струја.
На западот од Европа снежната бура ја следи ветер со брзина од 160 км/ч, додека денеска во делови на Германија и Швајцарија паднале повеќе од 20 сантиметри снег.
Во Велика Британија е прогласен највисок степен на предупредување поради заледените патишта. Снегот најмногу паѓа во северниот и централниот дел на земјата каде достигнал висина од 11 сантиметри.
Многу британски возачи ги напуштиле автомобилите или останале во завеаните возила, а метеоролозите предвидуваат уште снег и повеќе мразови на патиштата.
Аеродромот „Џон Ленон“ во Ливерпул накратко бил затворен, како би се исчистиле пистите од снегот.
На тти четвртини на територијата на Франција сообраќајот е сосема забавен со големи гужви и застои. Пристаништето Кале на северот од Франција, поради силниот ветер со 90 км/ч, е затворено за бродски сообраќај до Довер, на југоистокот од Велика Бртанија.
Поради снегот и мразот на германскиот автопат А8 кај Штудгарт настана застој на илјадници возила, долга колона од 20 км. На југот и западот од Германија само денеска паднале 10 сантиметри снег.
Од друга страна, на снегот му се радуваат во француските Алпи каде сезоната за скијање официјално почнала, но стазите еднавј се забелени. Овој викенд, кога во очи на Нова Година се очекуваат најмногу туристи, би требало да падне до 60 сантиметри снег, иако само во планините повисоки од 2000 метри.
НАСА снимките во целосна резолуција може да ги погледнете на овој линк.




