Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАОСТРУВАЊЕ: Ова се новите санкции на ЕУ кон Русија!

ЗАОСТРУВАЊЕ: Ова се новите санкции на ЕУ кон Русија!
Европската унија денеска ги заостри економските санкции кон Русија, во надеж дека ќе ја принуди Москва да ја промени политиката во однос на Украина. Амдериканскиот државен секретар Џон Кери предупреди дека и САД подготвуваат нови санкции кои би можеле да бидат објавени уште денеска. „Постигната е политичка спогодба за пакет економски санкции“, објави портпаролот на дипломатската служба на ЕУ по повеќечасовниот состанок на амбасадорите на 28-те земји-членки на Унијата во Брисел. Новите мерки ги надминуваат досегашните кои вклучуваа замрзнување на средства и неиздавање на визи и наметнуваат серија ограничувања во финансискиот, воениот и енергетскиот сектор. Целта е да се принуди Русија да плати поголема цена заради поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина. „Во процес сме на подготовка на дополнителни санкции заедно со Европа“, најави и американсдкиот државен секретар Кери, кој сепак нагласи дека „рускиот претседател Владимир Путин уште има избор, со оглед на неговата можност да влијае на руските бунтовници“. Меѓу новите мерки од ЕУ, пред се е можноста за ограничување на пристапот на руските банки до европските пазари на капитал, што би можело да ги загрози фирмите кои нудат финансиски услуги и кои работат во Русија. Исто така, во мерките е и ново замрзнување на банкарски сметки на лица блиски до Путин, забрана на продажба на оружје, висока технологија од областа на енергетиката и производи со двојна употреба во цивилни и воени цели.  
Слично

Поврзани вести