Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заоблениот ОЛЕД телевизор во рацете на „Samsung“

Заоблениот ОЛЕД телевизор во рацете на „Samsung“
„Samsung Cheil Industries“ потпиша договор за превземање на германскиот производител на ОЛЕД екрани, „Novaled“, за 260 милиони евра. Компанијата  со ова преземање има за цел да го зајакне својот бизнис со ОЛЕД екраните кои се повеќе се користат во уредите како што се мобилните телефони и телевизорите. „Samsung“ со ваквата инвестиција има намера да го зголеми својот удел на пазарот и сопствената технологија и изработка да ги доведе до совршенство, се вели во соопштението на компанијата. Се проценува дека пазарот за ОЛЕД екраните до 2017 година ќе се зголеми за 20 милијарди долари, од минатогодишните 8 милијарди долари.
Слично

Поврзани вести