Економија, финансии, бизнис

Контакт

Занимања кои ќе ве однесат најлесно во Канада

Занимања кои ќе ве однесат најлесно во Канада

Канада во текот на наредната година ќе ги отвори вратите за дури 300 000 економски мигранти, бидејќи таа северноамериканска земја е во постојана потрага за илјадници квалификувани работници, а посебно се бараат поедини професии.

Таа земја има брз систем за доселување кој се нарекува и „Експресен влез“ (Express Entry) и тоа е веројатно најбрзиот начин квалификуваните работници од странство да почнат живот и работа во Канада.

Канадската влада преземала обврска дека целиот процес на доселување мора да биде готов за 6 месеци.

Сите пријави за Експрес ентри програмот се бодуваат преку проценување на вештини, искуство, знаење на јазик и образование на секој кој се пријави, и тогаш сите пријавени се рангираат според бројот на бодови. Тие со најмногу бодови добиваат повик и им се нуди постојан престој.

Преку овој програм најчесто повик за постојан престој добивале кандидати од овие професии:

10. Експерти за финансии и вложување

9. Ревизори и сметководители

8. Графички дизајнери и илустратори

7. Квалификувани работници во малопродажба

6. Универзитетски професори и предавачи

5.Програмери и девелопери

4.Софтверски инженери

3. Консултанти и аналитичари за информациони системи

2. Готвачи

1. Квалификувани работици во угостителство

Слично

Поврзани вести