Жан Клод Јункер пијан се посрамотил на ОН самитот
Британскиот таблоид Сан тврди дека Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, бил видливо пијан за време на мировниот самит на Обединетите нации. Тој се тетеравел, се удирал во мебелот и луѓето околу, а исто така со повишен тон им се обраќал на неговите соработници. Во дипломатските кругови се вели дека настапот на Јункер бил срамотен.
Ова не е прв пат Јункер да се однесува чудно, на еден ЕУ самит тој се шегуваше со сите лидери кои ги пречекуваше и им дофрлаше непристојни реплики.
Слично
