Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Замрзнати“ се преговорите за „Турски поток“

„Замрзнати“ се преговорите за „Турски поток“

Анкара објави дека преговорите за проектот на гасоводот „Турски поток“ се „замрзнати“ поради несогласувањата помеѓу земјите.

„Не велам дека преговорите се неуспешни, велам дека се замрзнуваат“, изјавил Сефа Садик Ајтекин, помошник-советник во турското Министерство за енергетика и природни ресурси, цитиран од електронското издание на весникот „Хуриет“.

Тој го објаснил ќор-сокакoт како „недостиг на меѓусебна доверба“ ​​и пробарал „поголема флексибилност“ меѓу страните.

Минатиот месец поранешниот турски министер за енергетика Танер Јилдиз ги негираше гласините за проблемите помеѓу Анкара и Москва за овој проект. Тој уверуваше дека се во тек преговори за конечно одобрување на овој проект, со кој се предвидуваат испораки на руски гас во Турција и чија изградба требаше да започне во јуни.

Во исто време во рускиот печат се појавија информации за несогласувања во врска со цените на „синото гориво“. А уште кон крајот на јули излезе информацијата дека Русија и Турција ги прекинале преговорите за реализација на „Турски поток“.

Проектот за „Турски поток“ беше прогласен од претседателот Владимир Путин на 1 декември 2014 година за време на неговата посета во Турција. Тогаш беше јасно дека овој иден гасовод со капацитет од 63 милијарди кубни метри ќе го замени проектот за „Јужен поток“ со истата моќ, кој требаше да ја поврзува Русија и Бугарија по дното на Црното Море.

Руската гасна компанија „Газпром“ најави дека изградбата на четирите делници на гасоводот „Турски поток“ изнесува 11,4 милијарди евра.

Слично

Поврзани вести