Замрзнати парите во британските фондови за недвижности
Околу 23 милијарди долари се замрзнати во британските фондови за недвижности.
На Standard Life Investments му беа потребни седум дена по објавувањето на резултатите од референдумот за членството во Европската унија (ЕУ), за да престане одливот од фондот за недвижности во Велика Британија во вредност од 2,9 милијарди долари.
За инвеститорите кои сакаат да ги повлечат своите пари, се чини дека чекањето ќе е малку подолго, пишува Bloomberg.
Одлуката беше донесена за да се спречат масовни распродажби по примерот на оние кои за време на финансиската криза придонесоа за отпишувањето на 40% од цената на бизнис имотите.
Менаџерите на замрзнатите фондови веќе ги замолија брокерите да им посочат најсоодветен кандидати за продажба.
Имот за скоро 5 милиони фунти може да биде понуден веднаш.
