Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАМРЗНАТИ ИМОТИ: ЕУ воведе санкции за Иран поради испорака на дронови за Русија

ЗАМРЗНАТИ ИМОТИ: ЕУ воведе санкции за Иран поради испорака на дронови за Русија

Европската Унија(EУ) воведува нови санкции кон Иран поради беспилотните летала во Украина. Тие стапуваат на сила денеска. 

Земјите од ЕУ одлучија да ги замрзнат имотите на три лица и еден субјект одговорен за испорака на беспилотни летала. 

Иран постојано негираше дека ѝ доставил на Русија оружје за употреба во Украина, нагласувајќи минатата недела дека тоа „не го направил и нема да го направи“. 

Украинското Министерство за одбрана објави дека вкупно 37 ирански беспилотни летала „Шахед-136“ и три крстаречки ракети лансирани од Русија се соборени во ноќта од неделата кон понеделникот.

Првиот заменик-постојан претставник на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, ги отфрли тврдењата дека Иран извезува беспилотни летала во Русија. Вели дека тоа се дезинформации. 

Но, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вели дека сите податоци укажуваат дека Иран ѝ доставува на Русија дронови, што се користат против Украина.

Украина може да ги прекине дипломатските односи со Иран поради дроновите. 

Слично

Поврзани вести