ЗАМИНА СВЕТЛИНАТА НА МОЈОТ ЖИВОТ: Шинејд О Конор се прости со малолетниот син
Синот на музичарката Шинејд О’Конор, Неви им Неста Али Шејн О’Конор кој имал само 17 години, бил пронајден мртов два дена откако беше пријавено неговото исчезнување. Последен пат бил виден во близина на Даблин, а тамошната полиција го пронашла неговото тело. 55-годишната пејачка доби син со ирскиот фолк пејач Донал Луни, а тажната вест ја потврди на Твитер.
„Мојот прекрасен син, Неви им Неста Али Шејн О’Конор, светлината на мојот живот, одлучи да ја заврши својата борба на Земјата и сега е со Бога. Нека почива во мир. Љубов моја, те сакам многу“, напиша таа.
Музичарката, која во 2018 година го промени своето име во Шухада Давит, објави уште неколку пораки на социјалните мрежи до нејзиниот син и истакна дека секогаш ќе биде со неа.
