Економија, финансии, бизнис

Контакт

Замина уште една рок легенда - Почина Том Пети

Замина уште една рок легенда - Почина Том Пети

Том Пети, еден од најпочитуваните американски рокери и предводник на бендот Heartbreakers, почина на 66 годишна возраст. Том Пети бил пронајден во својот дом во Калифорнија без свест со запрена работа на срцето. Откако била повикана првата помош била само констатирано дека е починат. Засега причините за смртта не се соопштуваат. 

Во својата кариера Том Пети продаде над 80 милиони „плочи“, а во 2002 беше примен во Рок енд Рол куќата на славните. Бил под влијание на Елвис Пресли, ББ Кинг, а неговиот рок правец имаше примеси и на блуз. 

Подоцна имаше и соло кариера откако бендот Heartbreakers повеќе не свиреше заедно.


Слично

Поврзани вести