Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАМИНА БОРИС ПАХОР - писателот кој ги раскажа ужасите од нацистичките логори

ЗАМИНА БОРИС ПАХОР - писателот кој ги раскажа ужасите од нацистичките логори

Познатиот словенечки писател Борис Пахор почина на 109-годишна возраст во Трст.

Роден на 26 август 1913 година во Трст, Пахор е најпознат по своите искрени описи на животот на припадник на словенечкото малцинство пред Втората светска војна.

Неговиот роман „Некропола“ е еден од најдобрите и најважни романи за ужасот на Холокаустот и логорот на смртта.

Борис Пахор го преживеал нацистичкиот концетрационен логор, а отворено го изразувал своето неодобрување на комунизмот во Југославија. Беше истакната јавна личност на словенечкото малцинство во Италија.

Во срцето на неговите дела секогаш беше одбраната на слободата на поединецот. Пахор беше сведок на најголемите потреси во историјата на дваесеттиот век и, благодарение на него секогаш ќе ги имаме во сеќавање, бидејќи истите ги пренесе пластично на хартијата.

Австриската влада го награди со Легија на честа и Крст на честа за наука и уметност, а има и номинација за Нобелова награда за книжевност по предлог на Словенечката академија на науките и уметностите.

Како што пишува „Нова.рс“ пред само три и пол месеци, словенечкиот писател во својот дом во Трст беше домаќин на екипата на италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“, кога посочил дека не ја чуствувал возраст.

- Се чувствувам младо. Да, јас сум слеп, тешко слушам, но никој не може да ми ја одземе виталноста. Имав секс до 85 години, а сега само на оваа возраст уживам во галењето - изјавил тој, но исто така кажал дека со месеци не излегува од дома и дека за него се грижи асистентка.

Фото: EPA/ AXEL HEIMKEN

Слично

Поврзани вести