Економија, финансии, бизнис

Контакт

Залужни откри кога и зошто имал несогласувања со Зеленски

Залужни откри кога и зошто имал несогласувања со Зеленски

Валериј Залужни, поранешен командант на украинската војска и актуелен амбасадор во Обединетото Кралство, во интервју за „Асоушиејтед прес“ првпат јавно проговори за конфликтот со претседателот Володимир Зеленски.

Тој тврди дека тензиите почнале кусо по руската инвазија и кулминирале во септември 2022 година, кога агенти на тајната служба на Украина (СБУ) се појавиле во неговиот кабинет со намера да извршат претрес.

Залужни вели дека тоа го доживеал како заплашување и дека му се заканил на тогашниот шеф на кабинетот Андриј Јермак дека ќе повика засилување за да го заштити командниот центар.

Залужни ја критикува пропаднатата украинска контраофанзива од 2023 година. Првичниот план, објасни тој, бил да се концентрираат силите во „една тупаница“ со цел да се ослободи делумно окупираниот регион Запорожје, вклучувајќи ја и клучната нуклеарна централа, и да се продолжи напредувањето кон Азовското Море. Ова би го пресечело копнениот коридор што го користи руската армија за снабдување на Крим, кој беше анектиран во 2014 година. За успех, вели Залужни, била потребна голема концентрација на сили и тактичко изненадување.

Наместо тоа, тврди тој, силите биле дисперзирани на широка област, што ја разводнило нивната ударна моќ.

По неговата смена во февруари 2024 година, Зеленски го именуваше за амбасадор во Лондон. Аналитичарите тоа го толкуваа како обид да се намали неговото политичко влијание.

Анкета на „Ипсос“ покажува дека во хипотетичка претседателска трка Залужни би добил 23 отсто поддршка, а Зеленски 20 отсто.

Русија и Украина четири години се во војна. 

Слично

Поврзани вести