ЗАЛУЖНИ: Можеме да кажеме дека во блиска иднина и НАТО би можело да престане да постои
Америка го уништува светскиот поредок, вели украинскиот амбасадор во Британија, Валериј Залужни.
Според него, сега Вашингтон се обидува да ги делегира безбедносните прашања на Европа. Тој додаде дека американската влада „го довела во прашање“ единството на западниот свет.
„Можеме да кажеме дека во блиска иднина и НАТО би можело да престане да постои. Гледаме дека сега Белата куќа презема чекори кон Кремљ, обидувајќи се да им излезе во пресрет, така што следната мета на Русија би можела да биде Европа“, изјави украинскиот генерал.
Залужни претходно беше шеф на украинската војска. Војната во Украина трае повеќе од три години.
Слично
