Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЛУЖНИ: Aпсолутно можеме да тврдиме дека Третата светска војна започна

ЗАЛУЖНИ: Aпсолутно можеме да тврдиме дека Третата светска војна започна

Украинскиот амбасадор во Велика Британија, поранешен врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни денеска изјави дека, по директното вклучување на рускиот сојузник во војната против Украина, може да се смета дека започнала Третата светска војна.

„Верувам дека во 2024 година, апсолутно можеме да тврдиме дека Третата светска војна започна. Затоа што во 2024 година Украина повеќе не се соочува со Русија. Војниците од Северна Кореја стојат пред Украина. Да бидеме искрени. Веќе во Украина, иранските „шахеди“ апсолутно отворено, без никаков срам, убиваат цивили.  Ракети од севернокорејско производство веќе летаат во Украина и тие тоа отворено го изјавуваат. Кинески проектили се креваат во воздух во Украина, кинески делови се користат во руските ракети“, истакна Залужни на доделувањето на церемнонијата на доделувањњето на наградата УП-100, пренесува Укринформ.

Според неговото мислење, мнозинството од армијата би се согласиле дека сите споменати фактори се причина да се каже дека започнала светска војна и дека светот треба да се подготви за неа, пренесува Танјуг.

„Она што се очекуваше толку долго веќе започна. Но, сакам да кажам дека самиот Бог дава шанса, не само на Украина, туку и на целиот свет, така што сè уште имаме време да ги донесеме вистинските заклучоци. Сè уште можете да престанете овде, на територијата на Украина, но поради некоја причина, нашите партнери не сакаат да го разберат тоа“, вели Залужни.

Тој изјави дека е очигледно дека Украина веќе има премногу непријатели, но дека ќе опстане благодарение на технологијата, иако не се знае дали сама ќе може да ја добие оваа битка.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека утринава нападот врз централниот украински град Днипро бил извршен со „нова конвенционална ракета со среден дострел“. Тој додаде дека ракетата го носи кодното име Орешник.

Слично

Поврзани вести