ЗАЛОЖНИЦИ ИМ СЕ ДЕЦА, НО И СТАРИ ЛИЦА: Колку киднапирани држи Хамас во Појасот Газа?
Израелците тврдат дека Хамас однеле и мртви тела како заложници во Појасот Газа.
Според израелските служби, во Појасот Газа има 200 заложници. Од нив 20 се деца кои немаат 18 години. Од 10 до 20 заложници имаат над 60 години. Но, британските медиуми тврдат дека сите заложници не се во рацете на Хамас, туку ги држат многу милитантни групи. Двајца заложници, американски државјани, кои беа киднапирани, наводно, се ослободени, тврди милитантната група. Хамас соопшти дека заложниците се ослободени од хуманитарни причини.
Израел најави дека откако ќе го победи Хамас, нема веќе да се занимава со Појасот Газа и тој дел ќе биде оставен сам на себе.
Слично
