Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ХОЛАНДИЈА: Има заробени во кафуле, киднаперот има оружје и експлозиви, ослободени тројца заложници ВИДЕО

ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ХОЛАНДИЈА: Има заробени во кафуле, киднаперот има оружје и експлозиви, ослободени тројца заложници ВИДЕО

Стотици луѓе во холандскиот град Еде се евакуирани од своите домови по заложничката криза која траеше околу шест часа. Неодамна три лица беа ослободени, но заложничката ситуација не е завршена.

Во Еде на истокот на земјата, на околу 69 километри од Амстердам, беше забележано големо полициско присуство и тимови за деактивирање бомби, додека неколку луѓе беа земени како заложници во бар.

Киднаперот има оружје и експлозиви

Маж вооружен со огнено оружје и експлозиви држи заложници во локалниот бар „Петиткот“, објави националниот весник „Телеграф“, повикувајќи се на повеќе анонимни извори.

Портпаролот на полицијата рече дека не се знае дали лицето што ги држи заложниците е вооружено, но изјави дека ситуацијата е „дефинитивно сериозна“.


Во соопштението објавено на социјалните мрежи, полицијата наведува дека се евакуирани околу 150 станбени објекти во непосредна близина.

Локалните жители беа повикани да се држат подалеку од центарот на градот, а авионите над малиот град, исто така, се чини дека се пренасочени.

„Во зграда во центарот на градот во тек е заложничка ситуација во која се вклучени повеќе лица. Затоа на терен се неколку специјализирани служби“, напиша полицијата на Твитер.

Ослободени се три лица

Според локалните медиуми, од кафулето биле пуштени тројца млади. На снимките на социјалните мрежи се гледа како тројца мажи во црни дуксери се оддалечуваат од кафулето со кренати раце. Се работи за две девојчиња и еден млад човек.

Заложничката ситуација се уште не е завршена.


Заложниците се вработени во кафулето

Сопственикот на кафулето за „Телеграф“ потврдил дека неговите вработени во моментов се држат како заложници. Според сопственикот, немало конфликти со трети лица. Тој е прилично вознемирен од ситуацијата, но не сака да каже ништо повеќе за безбедноста на својот персонал.

Бар „Петикот“ во центарот на Еде е кафуле кое привлекува претежно млади луѓе. Синоќа имаше техно забава за над 16 години. Забавата завршила околу 4 часот наутро, а напаѓачот упаднал во кафулето непосредно пред затворањето, околу 6 часот наутро.

Како што пренесува холандски „Телеграф“, се претпоставува дека во кафулето имало само вработени, а можеби и вработени во угостителската компанија.

Според „НЛ Тајмс“ и агенцијата АНП, првите извештаи за заложничката криза се појавиле околу 6 часот и 5 минути наутро.

Полицијата: Не е тероризам

Евакуираните жители ќе бидат сместени во градското собрание, изјави портпаролот на општината.

– Нема индиции дека зад заложничката криза во холандскиот град Еде стојат терористички мотиви – соопшти полицијата.

Слично

Поврзани вести