Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тажна вест за оние што сакаат да ја посетат Нотр Дам

Тажна вест за оние што сакаат да ја посетат Нотр Дам

Управителот на Богородичната црква во Париз позната како Нотр Дам истакна денес дека храмот ќе остане затворен за посетителите во следните шест години по пожарот што ја зафати катедралата пред два дена.

Во меѓувреме министерот за култура на Франција, Едвард Филип, рече дека ќе се донесе предлог-законот кои ќе им овозможи на поединците кои донираат 75 отсто  намалување на данокот  за прилог до 1.000 евра и 66 отсто над тој износ. Компаниите исто така ќе имаат законско даночно олеснување.

Покрај тоа, министерот најави мерки кои че осигураат дека парите собрани за реставрација на храмот ќе бидат транспарентно управувани и ќе завршат за Нотр Дам. Досега околу 1 милијарда евра се собрани од донации за да ја надоместат штетата.

Вкупните трошоци за работа сеуште не се евалуирани, рече тој. Целта е да се изгради храмот во рок од пет години.

"Очигледно е дека ова е голем предизвик, но и историска одговорност", рече Филип.


Слично

Поврзани вести