ЖАЛНА СЛИКА ВО КИЕВ: Луѓето панично бараат место во воз за да избегаат од земјата
Во главниот град на Украина, Киев луѓето очајно се обидуваат да се качат во преполн воз. Стари, млади, инвалиди, гледаат да спасат жива глава.
Сите сакаат да побегнат на безбедна локација, затоа што, според информациите кои пристигнуваат од Украина, сите пристапи до главниот град ги контролира руската армија
„Непосносливи сцени на централната станица во Киев. Стари луѓе, деца, инвалиди, домашни миленици, овој воз е веќе полн. Луѓето стравуваат дека тоа би можело да биде последна шанса за бегство“, пишува на Твитер новинарот на Гардијан, Шон Вокер.
Голем број возови сообраќаат кон Полска, Унгарија, Словачка и Чешка со посебен транспортен центар на железничката станица Чоп. Во зависност од протокот на патници, се планираат дополнителни рути за евакуација од Киев до западните региони на земјата.Најмалку 136 цивили се убиени, од кои 13 деца, а 400 се ранети, од почетокот на руската инвазија врз Украина минатата недела, соопшти денеска агенцијата на Обединетите нации. Над 600.000 луѓе заминале од земјата. Руските трпи се насочени кон освојување на Киев.
фото Твитер
