ЖАЛНА ИСПОВЕД НА УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ ВО БАХМУТ: Фрлени сме во машина за мелење месо
Повеќе од десетина украински војници кои моментално се борат во или околу Бахмут во регионот Доњецк, изјавија за Киев Индипендент дека не добиваат никаква поддршка.
За време на кратки посети на блискиот град Костјантинивка, војниците им кажаа на новинарите за неподготвените и слабо обучени баталјони кои беа фрлени во мелницата за месо на линијата на фронтот.
Има екстремен недостиг на муниција, па војниците користат оружје од Втората светска војна
Баталјоните преживуваат најдобро што можат со мала поддршка од оклопни возила, минофрлачи, артилерија, беспилотни летала и тактичко разузнавање, тврдат украинските војници.
„Не добиваме никаква поддршка“, изјави Серхиј, борец од првата линија во Бахмут, за Киев Индипендент. Со новинарите разговараше во друштво на својот пријател. Имињата на војниците во написот се сменети бидејќи разговарале со новинарите без одобрение од нивните офицери.
Тие велат дека руската артилерија, борбените возила на пешадијата и оклопните транспортери често ги напаѓаат украинските позиции со часови и денови без да бидат запрени од украинското тешко вооружување. Некои војници се пожалија на лоша координација и ситуациона свест и рекоа дека не можат да веруваат дека ситуацијата на бојното поле Бахмут се влошила.
Исто така, војниците наведуваат дека има екстремен недостиг на муниција и затоа користат оружје кое датира од Втората светска војна. Беспилотните летала кои треба да дадат критични информации за извидување се исто така ретки и често се губат во некои делови од бојното поле.
„Шансите да излезете жив од Бахмут се 30:70“
Сето ова води до застрашувачки жртви, и мртви и ранети. „Баталјонот дојде во средината на декември, бевме 500. Пред еден месец имавме само 150 луѓе“, рече Борис, борец од Одеса, кој се бори околу Бахмут. „Кога одите на бојното поле во Бахмут, шансите не се 50:50 да излезете живи. Повеќе е како 30:70“, вели Серхиј.
Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија изгубила десетици илјади луѓе за време на битката кај Бахмут од средината на јануари. Оттогаш борбите само се интензивираа, а Украина во своите дневни ажурирања наведува дека загинатите Руси се близу илјада.
Властите не открија никакви податоци за украинските загуби во битката за Бахмут. Врз основа на сведочењето на војниците, се чини дека и украинските загуби се големи.
„Ни треба муниција, инаку Бахмут брзо ќе падне“
Некои војници изјавија за Киев Индипендент дека често не можат да се потпрат на украинските минофрлачки напади против потешко руско оружје. „Три часа не напаѓаат, чекаме поддршка, а поддршка нема. Ни велат да почекаме и за половина час до еден час ќе добиеме поддршка. Седум часа чекаме, поддршка нема. вели Серхиј.
Војникот Илија вели дека кога ќе стигне муницијата добиваат по 10 гранати дневно. Тоа е доволно за една минута на бојното поле. Ни треба муниција! Ако продолжиме да добиваме 10 гранати, Бахмут брзо ќе падне“, рече Илија.
Целото интервју на украинските борци од Бахмут можете да го прочитате овде.
Индекс.хр
Фото: ЕПА
