Закрепнува германското стопанство
Германските индустриски нарачки, клучна мерка за побарувачката во земјата и во странство, пораснале во јуни за 3,8 отсто во однос на мај, информираа германските власти.
Растот на нарачките, по два месеца пад, претствауваат закрепнување за клучниот преработувачки сектор на најголемото европско стопанство, кое се опоравува од проблемите од крајот на минатата година, предизвикани од кризата во еврозоната, пренесува агенцијата Франспрес.
На ниво на вториот квартал, индустриските нарачки пораснале за 1,2 отсто, по растот од 0,5 отсто од претходните три месеци.
Слично
