Заканите на „Гаспром“ ги соборија акциите
Акциите на европските берзи изгубија од вредноста денеска заради заканите на енергетскиот гигант „Гаспром“ дека ќе ја прекине испораката на гас за Украина.
Лондонскиот индекс ФТСЕ 100 се намали за 0,5% на 6.754,68 поени, франкфуртскиот ДАКС 30 падна за 1,24% на 9.424,33 поени, парискиот САС 40 загуби 0,63% од вредноста на 4.389,19 поени.
Рускиот гигант „Гаспром“ се закани дека ќе ја прекине испораката на гас кон Украина, со што може да го загрози снабдувањето и на цела Европа. Иако како причина за прекинот на испораката се наведува долгот од речиси 2 милијарди долари, што го има Украина кон руската национална гасна компанија, сепак заканата се толкува и како реакција на последната мерка на ЕУ да ги стопира преговорите за визна либерализација со Русија.
Слично
