ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција
Словачки политичар добил закани по живот.
Лидерот на опозициската Прогресивна Словачка (ПС) Михал Симецка поднел кривична пријава поради смртните закани што ги добиле неговата партнерка, ќерката и тој самиот, потврдија за словачката новинска агенција ТАСР во прес-службата на ПС.
Симецка објави дека добил неколку „конкретни и драстични“ смртни закани од „одредени луѓе“.
Тој верува дека повеќето политичари, новинари и јавни функционери кои го изразуваат своето мислење се соочуваат со смртни закани.
Пред два дена, словачки писател на возраст од 71 години пукаше во премиерот Робер Фицо, кој со повреди заврши во болница. Напаѓачот рекол дека не се сложува со политиката на Фицо.Потоа, закани добил и полскиот премиер Доналд Туск.
Слично
