ЗАКАНА ЗА КИДНАПИРАЊЕ: Руски политичар вели дека министер за одбрана на НАТО ако оди во Киев може да се разбуди во Москва
Русија се заканува на НАТО. Рускиот пратеник Олег Морозов предложи да се киднапира министер за одбрана на НАТО во Украина и да се доведе Москва на испрашување за тоа какви „наредби" му дава Западот на Киев, јавува Ројтерс. Вели дека ако ова го сторат, ќе видат кој е одговорен.
Тој рече дека снабдувањето на Украина со западно оружје претставува директна закана за Русија.
„Знаете, можеби тоа е фантастичен заговор што го подготвувам... дека во блиска иднина, во некоја фаза, министер за војна на некоја земја на НАТО ќе оди со воз во Киев за да разговара со Зеленски. Но, тој нема да стигне таму. И ќе се разбуди некаде во Москва“, рече Морозов на државната телевизија Росија-1 доцна во понеделникот.
Специјалната операција на Кремљ во Украина заврши и започна Третата светска војна, тврди една од главните руски пропагандисти Олга Скабејева.фото ЕПА
Слично
