Закана за бомба приземји турски авион од Истанбул за Сао Паоло
Авион на „Turkish Airlines“ кој летал за Бразил бил принуден да го смени курсот и да слета во Казабланка по заканата за бомба, објави портпаролот на компанијата.
Летот „TK15“ полетал од Истанбул и се насочил кон Сао Паоло со 250 патници, но за време на летот авионот сигнализирал вонредна состојба и бил пренасочен кон северно-африканскиот град, додал портпаролот.
Боингот 777 слетал во Казабланка околу 13:30 часот по македонско време.
Според профилот на „AirLive“ на „Твитер“ во еден од тоалетите на авионот било напишано „Бомба“.
Не се откриваат детали.
Слично

