ЗАКАНА ОД МОСКВА: Ќе ја прекинеме испораката за гас!
Рускиот гигант „Гаспром“ се заканува дека ќе ја прекине испораката на гас кон Украина, со што може да го загрози снабдувањето и на цела Европа. Иако како причина за прекинот на испораката се наведува долгот од речиси 2 милијарди долари, што го има Украина кон руската национална гасна компанија, сепак заканата се толкува и како реакција на последната мерка на ЕУ да ги стопира преговорите за визна либерализација со Русија.
„Или Украина ќе си го плати долгот, или постои опасност да се повтори ситуацијата од 2009“, се закани првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер.
Прекинот на испораката на руски гас за Украина во 2009 година заради трговски спор меѓу двете земји сериозно го наруши и снабдувањето со овој енергенс на цела Европа. Украина е главен транзит на рускиот гас кон европските земји, од кои некои се 100% зависни од Русија за испорака на енергенсот.
Денеска истече рокот до кога Украина требаше да ги покрие своите обврски кон „Гаспром“ за гасот испорачан во февруари.
Слично
