Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАКАНА: На нови санкции Русија ќе одговори со затворање на воздушниот простор!

ЗАКАНА: На нови санкции Русија ќе одговори со затворање на воздушниот простор!
Доколку на Русија и биде воведен нов сет санкции од западните земји, во енергетиката или финансискиот сектор, Москва ќе одговори асиметрично - ќе биде принудена да ги ограничи прелетите на странски авиокомпании над руска територија, се закани рускиот премиер Димитриј Медведев. Во интервју за рускиот економски весник „Ведомости“, Медведев нагласи дека промената на маршрутата на летовите што би се случила во тој случај, би предизвикала банкрот на многу авиокомпании, кои и онака се наоѓаат на работ на опстанок. „Западните земји треба да се прашаат дали ќе има нови санкции кон Москва и доколку воведат санкции врзани со енергетиката или понатамошни ограничувања на нашиот финансиски сектор, ние ќе мораме асиметрично да одговориме. На пример, со ограничувања во транспортот. Сега тргнуваме од тоа дека имаме пријателски односи со нашите европски партнери, па небото над Русија е отворено за сите летови. Но, ако воведат санкции - ќе одговориме“, се закани Медведев. Според него, тоа не е посакуван развој на настаните, бидејќи „војната со санкции не носи мир во Украина, туку напротив, го загрозува глобалниот безбедносен систем“.
Слично

Поврзани вести