Зајакна еврото
Раст на девизните пазари бележи еврото и покрај намалување на каматната стапка на Европската централна банка, но курсот значително му осцилираше пради можните нови мерки за поттикнување на економиите во еврозоната.
Курсот на еврото во однос на американската валута се зголеми за 0,7 отсто, на 1,311 долари, додека во однос на јапонската валута скокна за 1,7 отсто, на 129,85 јени.
Откако ЕЦБ, за прв пат по 10 месеци ја намали основната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,50 отсто со цел да го поттикне излезот од кризата на економиите во еврозоната, курсот на еврото значително порасна и се искачи над нивото од 1,32 долари.
Американската валута пак беше под голем притисот, се до извештајот за зголемување на вработеноста во САД.
Слично
