Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захарова: Западот ги поддржува украинските националисти, и не само со оружје, туку и со платеници

Захарова: Западот ги поддржува украинските националисти, и не само со оружје, туку и со платеници

Русија тврди дека Киев привлекол околу 7.000 платеници од 63 држави. 

Информацијата ја соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Додаде дека според податоците со коишто располага руското Министерство за надворешни работи, најголем дел од таканаречените „кучиња на војната“ доаѓаат од Полска, САД, Канада, Романија и Грузија.

„Колективно Западот ги поддржува украинските националисти, и не само со оружје, туку и со кадар, испрајќи во земјата платеници, нивни сопствени екстремисти воспитувани во различни точки од светот“, тврдеше Захарова. 

Додаде дека укранските амбасади во странство регрутираат платеници низ светот со помош на американските власти и служби.

Претходно во средата британскиот премиер Борис Џонсон ги повика руските власти хумано да се однесуваат со Британците кои војувајќи во паравоените украински единици ги заробуваат руските сили.

Пред два дена двајца британски државјани кои во Украина им се предале на руските сили побараа од британскиот премир Борис Џонсон да посредува за нивната размена со уапсениот украински опозициски политичар Виктор Медведчук. На 24 февруари Русија ја почна инвазијата на Украина. 

Слично

Поврзани вести