Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАХАРОВА ЗА УБИСТВОТО НА РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ: Има причини да се верува дека украинските специјални служби се вмешани

ЗАХАРОВА ЗА УБИСТВОТО НА РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ: Има причини да се верува дека украинските специјални служби се вмешани

Руските власти тврдат дека украинските специјални служби се вмешани во убиството на генерал-полковник Јарослав Москалик во рускиот главен град Москва. 

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова денеска објасни дека има причини да се верува дека украинските специјални служби се вмешани во убиството на генерал-полковник Јарослав Москалик во Москва.

Автомобил „фолксваген голф“ експлодирал откако во него е активирана импровизирана експлозивна направа. 

Експлозијата се случи во градот Балашиха, источно од Москва, потврди Истражниот комитет на Русија.

На сличен начин и претходно имаше ликвидации на важни руски воени лица. Од украинска страна имаше закани дека и самиот рускиот претседател Владимир Путин и неговите потомци нема да имаат мир поради штетите кои ги нанесоа на Украина со војната. Русија пред повеќе од три години ја почна инвазијата на Украина. 

Слично

Поврзани вести